Кои сме ние
Историјат :
„Коле-Транс Инжинеринг” Доо Штип е фамилијарна компанија со големо домашно искуство во полето на организација при изградба на проекти од нискоградба и хидроградба.
„Коле-Транс Инжинеринг” Доо Штип , е основана и егзистира од 01. 02.1992 год., односно 25 години градиме успешна историја која трпеливо и моќно низ годините ја испишуваме.
Главна цел на раководството и целиот персонал е давање на квалитетен производ и услуга на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања и е во согласност со стандардите пропишани во градежништвото.
Исто така „Коле-Транс Инжинеринг” Доо Штип се стреми да одржува тим од вискококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент.
Нашата деловна политика и бизнис принципи од аспект на квалитет, технологија, услужливост и одговорност се од големо значење за нашата долгорочна одржливост и успех. Се стремиме кон подобрување на својата дејност и производи во склад со животната средина, преку доследно почитување на законите , прописите и стандардите.
Затоа ги имплементиравме системите за управување со квалитет, Заштита на животната средина и Заштита и Безбедност при работа кои се усогласени со меѓународните стандарди ISO 9001:2008; ISO 14001:2004; и OHSAS 18001:2007.
Транспорт:
Континуирано инвестирање во нови возила и машини е една од нашите најголеми придобивки. Нашата компанија располага со тешка и лесна градежна механизација и опрема, при што вршиме разни видови на транспорт, товар и ископи од секаков вид.
Градежништво:
„Коле-Транс Инжинеринг” Доо Штип поседува бетонска база и асфалтна база која произведува различни типови на Готов Бетон и Асфалт, даваме и услуги за транспорт и пумпање на бетонот.
Во областа на нискоградбата, опсегот на услугите на нашата компанија опфаќа:
• Производство на готов бетон (МБ-30, МБ-25, МБ-20, МБ-15, МБ-10)
• Производство на топол асфалт
• Производство на цементни производи
• Агрегати
• Изградба на патишта, автопати и коловози;
• Асфалтирање и тампонирање;
• Изградба и реконструкција на јавни паркиралишта, пешачки патеки, спортски и детски игралишта и други јавни површини;
Исто така, нашата компанија успешно ги извршува и следните услуги:
• Уривање на разни видови на објекти – градби и нивно отстранување;
• Уривање на времени објекти, архитектонски бариери
Нашите услуги од областа на хидроградбата вклучуваат:
• Изградба и реконструкција на инфраструктурни системи како што се водоводна и канализациона мрежа;
• Изградба на канали за одводнување на пречистени отпадни води;
• Изградба на сливници за одведување на атмосферски води;
• Изградба на улични и приклучни канализации;