„Коле-Транс Инжинеринг” Доо Штип е семејна градежна компанија основана во 1992 година. Повеќе од три децении активно учествуваме во реализација на значајни инфраструктурни, индустриски и урбани проекти низ Република Северна Македонија.
Нашата мисија е да обезбедиме сигурни, квалитетни и долготрајни градежни решенија, целосно усогласени со важечките стандарди во градежништвото и реалните потреби на инвеститорите и партнерите.
Континуирано инвестираме во современа механизација, напредна технологија и стручен развој на нашиот кадар, со што гарантираме високо ниво на ефикасност, безбедност и професионалност во секоја фаза од проектите.
Работиме согласно меѓународните ISO стандарди за управување со квалитет, заштита на животната средина и безбедност и здравје при работа, што претставува темел на нашето долгорочно и одговорно работење.